Нант го загуби реваншот со Тулуз, но останува во Лига 1

Нант и следната сезона ќе се натпреварува во Лига 1, најсилната француска фудбалска лига. Иако зад себе оставија разочарувачка сезона во домашниот шампионат, „зелено-жолтите“ не дозволија изненадување во баражот за опстанок во елитата и го добија двомечот со Тулуз.

Дека момците на Комбуаре играат доста променливо оваа сезона, доказ е и денешниот реванш против второлигашкиот ривал, кој заврши со победа на Тулуз од 0-1. 

Но, благодарение на победата во нивната прва пресметка (1-2), Нант заврши како победник во овој двомеч и слави опстанок во Лига 1.

Дуелот на „Стад де ла Божуар“ во целост им припадна на гостински фудбалери, кои да имаа повеќе среќа, а и да беа попрецизни во завршницата ќе приредеа голема сензација и ќе го елиминираа големиот фаворит,. Вака, Тулуз се задоволи со само минимална победа од 0-1, која ја обезбеди Бајо на почетокот од второто полувреме.