ВИДЕО: Нани и Ристовски стануваат тандем – асистенција на Македонецот за победа на Спортинг!

Португалскиот гигант Спортинг, по ремито во дербито со Бенфика, им се врати на победите во домашниот шампионат. Синоќа, со минимални 1-0 тимот од Лисабон славеше во дуелот со Феиренсе, а најзаслужен за овој успех беше тандемот по десната страна - нашиот репрезентативец Стефан Ристовски и домашната ѕвезда Луис Нани, кои во последно време одлично соработуваат.

„Зелено-белите“ доминираа низ текот на сите 90 минути, но победничкиот гол падна длабоко во финишот, односно во 87. минута. Некогашниот ас на Манчестер Јунајтед, Нани, одлично проби по десната страна и итро го проигра Ристовски, а овој со прецизна асистенција по земја додаде до Кабрал, кој без многу проблеми ја затресе гостинската мрежа.

Со оваа победа Спортинг повторно го дели првото место со Брага, со скор од три победи и едно реми, а веднаш зад нив е Бенфика со седум бода и меч помалку.