• Горан Упале

Додека повеќето клубови се одлучуваат за класични фотосесии и промотивни видеа, Комо избра поинаков начин да ги претстави дресовите за новата сезона.
Фудбалерите на италијанскиот клуб излегоа на улиците на градот и им подарија голем број дресови на случајните минувачи, создавајќи вистинска еуфорија меѓу навивачите. Наместо во студио, промоцијата се пресели меѓу луѓето, а видеото од необичната акција брзо привлече внимание на социјалните мрежи.
Потегот доаѓа во пресрет на историската сезона за Комо. Клубот од брегот на езерото Комо за првпат ќе настапува во Лигата на шампионите, што претставува најголем успех во неговата историја.
По фантастичната мината сезона, во која тимот се вброи меѓу најдобрите во Италија, амбициите сега се уште поголеми. Во клубот сакаат успешните резултати да ги проследат и со уште посилна врска со навивачите, а токму затоа се одлучија новите дресови да не бидат претставени на вообичаен начин.
Акцијата беше пречекана со одушевување, а многумина ја оценија како една од најоригиналните промоции на дресови во пресрет на новата сезона. За Комо, кој наскоро ќе ја испише најголемата европска страница во својата историја, ова беше уште еден начин да покаже дека сака успехот да го сподели со градот и своите навивачи.
