Наместо во Арсенал, Малик Фофана заминува во друг премиерлигаш!

Премиерлигашот Сандерленд го договори трансферот на белгискиот крилен напаѓач Малик Фофана, кој пристигнува во клубот од францускиот Лион за сума од 30 милиони евра. 

Фофана беше на „мета“ на Арсенал, но „топчиите“ не се договорија околу обештетувањето со Лион. Фудбалерот претходно играше за првиот и младинскиот тим на Гент. 

Сандерленд продолжува да го засилува тимот кој сезонава ќе игра во Лига Европа, првпат после цели 50 години. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.