ВИДЕО: Наместо јунак, стана трагичар - Алекс Телес сериозно се повреди шутирајќи пенал!

Еден од најмалерозните фудбалери оваа сезона е 26-годишниот фудбалер на Порто, Алекс Телез. Бразилецот со гол од пенал израмни на 2-2 и најави дека Порто ќе направи пресврт на дербито во Брага. Екипата на Консеисао пресвртот и го реализираше и славеше со 2-3, но Телез сериозно се повреди.

Имено, левиот бек ги повреди лигаментите при шутот на пеналот и го очекува долга пауза.

  • Пеналот и повредата на Алекс Телес на натпреварот Брага - Порто:

Порто останува во мртва трка со Бенфика, двете екипи имаат ист број на бодови и штета е што „змејовите“ нема да сметаат на Алекс Телес заради бизарна повреда.