Наместо да игра, пак ќе се лекува: Фалкао уште половина месец во аут

Фалкао во дресот на Челзи

Челзи ќе остане без Радамел Фалкао барем до средината на јануари, бидејќи Колумбиецот ќе оди на дополнителна рехабилитацијата на колкот. Гус Хидинк пред неколку дена најави дека напаѓачот не е подготвен за игра, но не се надеваше дека ќе претрпи нова повреда на истиот колк во обид пред време да се врати на терените. 

„Радамел има проблем во внатрешниот дел од бутот и ќе се лекува неколку недели. Во следните десет дена верувам дека ќе се опорави од повредата", објави Хидинк за официјалната телевизија на клубот.
 

Откако дојде на позајмица од Монако, најнапред во Манчестер Јунајтед, а сега и во Челзи е непрепознатлив и неспоредлив со периодот минат во Порто и Атлетико Мадрид.