ВИДЕО: Наместо да го заштити, човек од обезбедувањето го повреди Мората!

Шпанија е првиот финалист на овогодинешното Европско првенство. Во полуфиналето со пресврт совладана беше Франција со 2-1, во натпревар во кој Французите поведоа со раниот гол на Рандал Колo Муани, а израмни Ламин Јамал со прекрасен гол. Дани Олмо им донесе пресврт и победа на Шпанците, па поранешниот играч на Динамо Загреб се претвори во херој, исто како во четвртфиналето.

На крајот од натпреварот се случи необичен инцидент. Шпанските фудбалери тргнаа да слават со своите навивачи. Некои навивачи истрчаа на теренот, а фотографите им се придружија на играчите за да ги овековечат моментите на славје. Во еден момент во толпата влетаа и луѓето од обезбедувањето со намера да исфрлат еден од навивачите.

Тие втрчаа и турнаа еден од фотографите на подот, кој случајно го удри во коленото шпанскиот капитен Алваро Мората. Мората почна да подкривнува, а Шпанците се надеваат дека поради ова нема да го пропушти финалето.

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Дидие Дешамп

    4-3-3