ВИДЕО: Намерно или случајно - Фабињо го исчисти носот врз легнатиот Азар

Ливерпул го положи можеби и најтешкиот тест до крајот на сезоната во Премиер лигата и го победи Челзи со 2-0 на „Енфилд“. Сепак, земјата на фудбалот и на „фер-плејот“ многу го коментира гестот на Фабињо додека Азар лежеше на тревата.

Имено, судијата досуди прекршок заради агресивниот, но старт на топка на Фабињо врз Азар. Бразилецот протестираше и подоцна додека Азар лежеше го исчисти носот во правец на легнатиот ривал.

Без разлика дали тоа го направи намерно или случајно, јавноста во Англија го осуди дека покажа непочитување кон противникот.

  • Некоректниот потег на Фабињо врз Азар: 

Мане и Салах ги постигнаа головите за „црвените“ и Ливерпул се врати на лидерската позиција во Премиер лигата.