ВИДЕО: Најубавиот погодок во ЛШ - Австриец зад себе ги остави Суарез, Коста, Лаутаро...

Сабицер

Завршувањето на групната фаза во Лигата на шампионите донесе пресек на случувањата во досегашниот дел од овогодишното натпреварување.

Фановите во изминатиот период имаа можност да гласаат за најубавиот погодок, а истиот му припадна на членот на Салцбург, Марсел Сабицер.

По шест одиграни кола, фудбалерот на „биковите“ го доби признанието и зад себе ги остави Луис Суарез, Даглас Коста, Лаутаро Мартинез...

Австрискиот интернационалец постигна ефектен погодок во дуелот со Зенит и заслужено доби признание од пошироката публика.