• Иван Димовски
Фудбалерите на Будуќност ја потврдија лидерската позиција и славеа над ривалот Сутјеска, лесно со 2-0. Иако играше повеќе од 60 минути со човек помалку, тимот од Подгорица во финишот постигна втор гол кој е можеби најдобриот виден викендов.
Милош Раичковиќ доби топка на средината од теренот, мина само два метри и шутираше директно кон голот на Сутјеска. Голманот Владан Гилјен беше излезен од гол-линијата и со ефектен лоб Будуќност ја завери победата.
- Голот на Раичковиќ од половина терен:
До крајот на лигата во Црна Гора има уште десет кола, а Будуќност е лидер на табелата со 18 бодови предност пред вчерашниот ривал.