Најтрофејниот австриски клуб се заинтересира за македонски фудбалери!

Македонија обезбеди историски успех, се пласира на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2021 година, а со самото тоа скаути на странските екипи веќе почнаа да пристигнуваат во Скопје и да се интересираат за нашиот национален тим.

Претсавници на Рапид Виена, најтрофејниот австриски фудбалски клуб со вкупно 32 трофеи во најквалитетниот шампионат на земјата, беа присутни во Скопје на натпреварот меѓу Македонија и Естонија. Скаут на клубот ја следеше средбата и во својот бележник запишуваше статистика за македонските фудбалери.

И тоа тој нема да биде присутен само на сениорскиот натпревар од Лигата на нациите, туку ќе го следи и У21-мечот меѓу Македонија и Црна Гора. Македонските фудбалери сега добиваат на цена, поради големиот успех, па сигурно дека некој од оние кои остварија историски успех за Македонија ќе обезбеди и подобар трансфер.

Македонија на домашен терен успеа да ја совлада Естонија (2-1), а на овој меч повеќето фудбалери од клупата успеаја да добијат минутажа. Победничкиот гол го постигна Влатко Стојановски.

Токму Австрија како земја ќе биде еден од ривалите на Македонија на ЕП 2021. Исто така во групата се и Холандија и Украина.