ФОТО: Најтажната слика од трагедијата во Единбург –  сè беше спремно за историско славје!

Фудбалерите на Хартс имаа сè во свои раце, но... Во пресрет на последното коло од шкотската Премиер лига, клубот од Единбург беше на водечката позиција и за да ја освои шампионската титула, нивна прва по 66 години, требаше да избегне пораз на „Селтик Парк“ против нивниот директен конкурент.

Сè одеше според планот за тимот на Хартс. Тие поведоа во самиот крај од првото полувреме, но гигантот од Глазгов успеа да направи пресврт и да ја обезбеди 56. шампионска титула во историјата. 

Како што се очекуваше, голема тага го зафати Единбург, а фотографијата што не ја виде светлината на денот само повеќе зборува во прилог на фактот дека тимот од шкотската престолнина беше убеден во големо достигнување.

Имено, Хартс обележа автобус во боите на клубот со натпис:

„Шампиони 2025/26 – величествениот Хартс“.

По точно две децении, тимот на Хартс повторно е вицешампион на Шкотска. Во сезоната 2005/06, беше 17 бода зад „келтите“ од Глазгов, но јасно е дека финишот на тековната сезона ќе остане болно сеќавање долго време за сите оние кои ја имаат бордо бојата во срцето.