Најсреќен ден во животот на Лазања - доби нов договор и репрезентативен повик

Напаѓачот на Удинезе, Италијанецот Кевин Лазања во еден ден ги оствари своите сништа.

Најнапред селекторот, Роберто Манчини го повика во составот на „азурите“ на местото на повредениот Симоне Заза, а синоќа голгетерот потпиша и нов договор со својот клуб.

„Пресреќен сум - сигурно цел живот ќе се сеќавам на овој ден. Повик за националниот тим е награда за мојата добра работа во Удинезе. Веста ја примив во Мантова и требаше веднаш да заминам за Удине, за да си ги земам копачките. Се радувам толку многу, што сигурно нема да можам да спијам“, рече Лазања.

Новиот договор на напаѓачот е со важност до 2023 година. Од почетокот на новата сезона, Лазања одигра осум натпревари и постигна еден гол во Серија А.