ВИДЕО: Најслабиот тим триумфира со Арсенал, лидерот падна по пет месеци!

Евертон повеќе не е најслаб тим во англиската Премиер лига, затоа што успеа да победи со лидерот Арсенал (1-0) и така избега од дното на табелата во фудбалската елита на Островот.

„Карамелите“ го променија Френк Лампард и успеаја со новиот тренер да ја прекинат кризата. Првпат победија во Премиер лигата по месец октомври и со четвртиот триумф избегаа од опасната зона. Овие три бода вредат двојно, затоа што се против „топџиите“ на Артета кои беа неприкосновени.

Евертон на овој меч влезе како тотален аутсајдер, но не се исплаши од реномето на противникот. Имаше две добри шанси, оние почетни на средбата на „Гудисон парк“, кога во 33. и 34. минута се обидоа Калверт-Луин и Дукур, но завршија крај диреците. Арсенал имаше иницијатива, но јалова, без конкретни можности. Дури и влегувањето на новото засилување Жоржињо во вториот дел не им помогна на гостите.

  • Извештај од натпреварот: 

Евертон го најде патот до мрежата на лондончани само една минута по влегувањето на Жоржињо, кога Џејмс Тарковски по еден изведен корнер во 60. минута погоди со глава за голема радост на трибините. Најдобрата можност за израмнување Арсенал ја имаше во 92. минута преку Зинченко, но не успеа.

Евертон сега е седумнаесетти во Премиер лигата, а оваа победа над лидерот доаѓа како голем мотив пред градското дерби со Ливерпул на „Енфилд“. Арсенал загуби во првенството по точно пет месеци, последен пат тоа беше на 4 септември против Манчестер Јунајтед и ќе бара враќање на победите дома против Брентфорд.

Состави

Шон Дајч

4-4-1-1

    Микел Артета

    4-3-3