Најскапото промашување на Јунајтед е МВП на сите три натпревари во Примера

Антони, десното крило на Манчестер Јунајтед кој скоро три недели е на позајмица во Бетис, одлично се покажа и во четвртиот натпревар за привремениот клуб. 

Во двата претходни натпревари во Примера, против Атлетик Билбао и Селта, тој беше прогласен за играч на натпреварот, а на вториот постигна гол, додека на првиот меч од плеј-офот од Конференциската лига против Гент, постигна фантастичен погодок.

Само три дена подоцна, следеше неговиот нов гол, во победата од 3-0 против Реал Сосиедад. Антони и по тој натпревар беше прогласен за најдобар играч. Три натпревари во Примера, три награди за играч на натпреварот за најскапото промашување на Манчестер Јунајтед.