Најскапото летно засилување на Милан пред деби во Серија А

Најскапото засилување на Милан во минатото лето, конечно е подготвено за своето деби во Серија А. Матија Калдара по долгата пауза подолго време е во тренажен процес, а како што откриваат тамошните медиуми најверојатно ќе се најде во ростерот на Џенаро Гатузо за дербито против Лацио. 

Италијанскиот стопер пред осум месеци од Јуве се пресели во Милан како дел од размената за Леонардо Бонучи. Тогаш беше проценет на 35 милиони евра, што го прави најскапиот фудбалер на миланезите минатото лето. 

Младиот дефанзивец само што пристигна во Милано се повреди и на своето деби во дресот на италијанскиот гигант чекаше до 20 септември, кога го одигра мечот со Дуделанж во Лига Европа. По тој меч се здоби со повреда на ахиловата тетива и мораше пет месеци да биде надвор од терените. 

Сега, подготвен е за првиот настап во Серија А и тоа во големото дерби против Лацио кое најверојатно ќе го реши патникот во Лигата на шампионите идната сезона.