Најскапиот фудбалски натпревар во сенка на шпионскиoт скандал 

Денешниот ден го носи најскапиот фудбалски натпревар во светот, големото финале од плејофот во Чемпионшип на култниот „Вембли“ во кое ќе се сретнат Хал Сити и Мидлзброу. Победникот од дуелот ќе обезбеди директен пласман во Премиер лигата, но и неверојатна финансиска инјекција која надминува 200.000.000 евра. Сепак, овогодишната борба за влез во елитното друштво ќе остане запаметена по незапаметен скандал кој предизвика тотален хаос непосредно пред самиот натпревар.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Хал - Мидлзброу

Фудбалерите на Хал Сити во текот на целата недела, по успешно завршената работа во полуфиналето против Милвол, ја анализираа играта на Саутемптон, екипата која во вториот полуфинален двомеч беше подобра од Мидлзброу. Меѓутоа, се покажа дека од југот на Англија мамеле, дека ги прекршиле правилата на натпреварувањето и на незаконски начин стекнале предност. Што правеле? Па го шпионирале Мидлзброу. И не само него, туку и Оксфорд Јунајтед и Ипсвич Таун претходно во текот на сезоната. Сепак, тужбата стигна само од „Риверсајд“, па во средината на неделата Островот го потресе вест која ги шокираше сите: Саутемптон е исфрлен од финалето на плејофот бидејќи го шпионирал ривалот во недозволениот временски рок од три дена пред почетокот на натпреварот.

Од Саутемптон вложија жалба на оваа одлука, но таа беше одбиена. И од Хал Сити бараа директен пласман во Премиер лигата бидејќи нивниот противник е дисквалификуван, но и тоа не помина. Додека фудбалерите на Хал беа во неизвесност поради ненадејната промена на противникот и недостатокот на време за тактичка подготовка, тренерот на Боро, Ким Хелберг, покажа визионерски пристап. Тој и покрај елиминацијата продолжи да го тренира тимот со полн интензитет надевајќи се на административен пресврт, што на крајот се покажа како исправна одлука која им овозможи поправен испит.

Хал, кој последен пат беше дел од елитното друштво во 2017 година и во меѓувреме една сезона мина и во третата лига, го фати последниот воз за плејофот протнувајќи се на шестата позиција пред Рексам дури во последното коло. Сега има можност да стане првиот тим кој од таа позиција влегол во Премиер лигата уште од Блекпул во сезоната 2009/2010. Хал инаку двапати играл финале во плејофот и двата пати победил, а главната предност во текот на актуелната сезона му беше извонредната ефикасност, иако таа често беше неутрализирана од нестабилната и ранлива одбрана.

Мидлзброу, кој исто како и Хал последен пат играше во Премиер лигата пред десет години, низ сезоната туркаше на крилјата на апсолутна доминација во поседот и фантастичниот офанзивен арсенал, што на крајот им го донесе петтото место на табелата. Сепак, традицијата на националниот стадион претставува огромен психолошки товар за екипата од „Риверсајд“. Мидлзброу не успеа да победи на ниту една од последните пет посети на „Вембли“, а постигна гол на само еден од последните седум плејоф натпревари, со разочарувачки учинок од три ремија и четири порази. Утеха и позитивен сигнал за нив лежи во податокот дека екипата која ќе заврши на петтото место во Чемпионшип на крајот наоѓала пат до Премиер лигата во три од последните четири финалиња, како и тоа дека претстојниот ривал го победила во три од последните четири меѓусебни пресметки.