Најреалната шанса на Челзи за трофеј

Борбата за првиот трофје во Англија е на програмата на 25 февруари на „Вембли“, а во финалето на Лига купот ќе се судрат Челзи и Ливерпул.

Од гледна точка на „сините“ (со ФА Купот), ова ќе биде најреална шанса за освојување на трофеј во актуелната сезона, како и шанса да се сервира одмазда на Јирген Клоп и неговите пулени за срамот на „Енфилд“ на крајот на јануари (4-1).

Екипата на Маурисио Почетино минатиот викенд против Манчестер Сити покажа дека може да се носи со најсилните тимови во Премиер лигата и дека аргентинскиот стручњак прерано посегна по ултрадефанзивен пристап, не е исклучено Челзи од „Едихад“ да заминеше како победник. Вака мораше да се задоволи со бод (1-1).

Сите квоти во МОZZART за натпреварот Ливерпул - Челзи

Ливерпул апсолутниот фокус го посветува на првенствената шампионска трка, каде што Арсенал и Сити му гледаат во грб, но не е лошо да се додаде уште еден трофеј во богатите клупски витрини. Сепак, мора Клоп добро да размисли како да го распореди заморот на екипата која ја мачат повреди. Последниот натпревар на Ливерпул против Лутон во кој „црвените“ по негатива на полувреме успеаја да победат, а мечот го пропуштија Алисон, Арнолд, Жота, Салах, Нуњез, Матип, Џонс... Навивачите на Ливерпул се надеваат дека в недела во нападот ќе го видат Салах и Нуњез.

Челзи не го совладал Ливерпул на последните осум натпреварот (од март 2021 година), а во та аниза дури пет пати беше нерешено.