ФОТО: Најпрестижниот спортски трофеј блесна во Скопје!

Најпрестижниот спортски трофеј пристигна во Скопје. Оној кој што во декември оваа година ќе заврши во рацете на најдобрата светска селекција денес беше претставен пред македонската јавност.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва го открија златниот пехар на ФИФА, кој е наменет за победникот на Светското првенство кое што ќе се одржува во Катар.

Скопје и Македонија првпат се дел од турнејата низ светот на највредниот пехар, која е петта откако „Кока Кола“ е еден од главните спонзори на планетерните фудбалски собири.