Најпознатиот аргентински хулиган доби дозвола да излезе од државата, но дали ќе присуствува на „Суперкласико“?

Бока Јуниорс хулиган

Фудбалскиот свет на 9 декември повторно ќе се насочи кон аргентинското дерби помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата, кое поради проблеми со безбедноста ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Првиот меч од финалето на Копа Либертадорес, одигран на „Ла Бомбоњера“, заврши без победник (2-2), па се очекува уште поголема неизвесност на реваншот.

Најпознатиот хулиган во Аргентина, Рафаел ди Зео, има забрана да присуствува на овој меч, но доби дозвола да ја напушти својата земја. Многумина веднаш се запрашаа дали тој ќе биде дел од спектаклот во Мадрид и покрај сите рестрикции.

Ди Зео на светот е познат по тоа што држел предавања по хулиганизам во Парагвај, а исто така е еден од заговорниците кои бараат фудбалерите да плаќаат „данок“ на навивачите кои доаѓаат на стадионите.

Возвратниот дуел на аргентинските гиганти во шпанската престолнина се игра на 9 декември со почеток од 20:30 часот.