Најнова револуција на Гвардиола со која води борба со дефанзивните екипи во Англија

Гвардиола Пеп

Бранителот на титулата во Премиер лигата, Манчестер Сити, оствари нова гостинска победа. За само неколку минути постигна два гола и освои цел плен кај Кристал Палас.

Тимот на Рој Хоџсон, поранешниот англиски селектор, е позната по тоа што на своите натпревари повеќе се фокусира на дефанзивата. Тоа, како и големиот број повреди, го натераа Пеп Гвардиола да одговори во свој стил и со нова револуционерна тактика.

Во одбраната на „граѓаните“ немаше ниту еден класичен дефанзивец. Фернандињо и Родри го започнаа мечот заедно со Кансело и Менди, иако на клупата достапен беше Џон Стоунс.

Пред нив беа Гундоган, Давид Силва и Де Брујне, а нападот го предводеа Габриел Хесус, Рахим Стерлинг и Бернардо Силва.

Просечната оддалеченост на дефанзивниот пар на Сити од голот на Едерсон изнесуваше 40 метри.