Најмоќниот човек во светот на фудбалот одбрал тенис пред риболов, останатото е историја

Насер Ел-Келаифи, првиот човек на Пари Сен Жермен, повторно е актуелен во јавноста поради неговото минато и приказна која медиумите ја пренесуваат, а е поврзана со неговиот влез меѓу моќниците.

Ал-Келаифи доаѓа од регуларно семејство и животот го однел по поинаков пат од неговите роднини. Тој е син на рибар од Доха и има четири браќа и сестри кои продолжиле по тој пат, ама Ел-Келаифи не бил заинтересиран за него и го одбрал тенисот.

Како тенисер, прв од Катар, се најде на АТП-листата на која во 2002 година бил на 995 место. Ел-Келаифи бил дел и од Дејвис Куп репрезентацијата, а во кариерата има 32 победи и 84 порази, со заработка од 16.000 евра. Благодарение на тенисот, тој стекнал многу пријателства, а едно од нив влијаело на неговиот живот. Баш на тениските терени го запознал сегашниот шеик Тамим бин Хамад Ал-Тани.

Двајцата се запознале како млади тенисери и создале пријателство кое трае и денес. Насер ја завршил тениската кариера во 2008 година и дипломирал економија. Бил именуван за претседател на Тениската федерација на Катар во 2011 година, а неговиот пријател Ал-Тани го вклучил во повеќе бизниси, меѓу нив и вложувањата во ПСЖ кои се едни од најголемите во светот.