„Најмоќната жена во фудбалот“ по дванаесет години си замина од Челзи

Фудбалскиот клуб Челзи мина тежок период, но се очекува да дојде до стабилизирање со новите сопственици. Роман Абрамович поради војната на Русија и Украина беше санкциониран во Англија, па поради тоа го продаде клубот на Тод Боели. 

Јасно беше дека ќе има и структурни промени. Така, според многумина најмоќната жена во фудбалот, Марина Грановскаја, заминува од Челзи. Русинката мина дванаесет години во управата, беше задолжена за многу трансфери и останати дејствија во клубот. 

„Благодарни сме ѝ на Марина за долгогодишната служба во клубот и ѝ посакуваме сè најдобро во наредните предизвици“, се обратија од клубот. 

На позицијата спортски директор наместо Грановскаја привремено ќе биде претседателот Тод Боели. Инаку, пред неколку дена Челзи му ја одзеде титулата на претседателот Брус Бак кој деветнаесет години беше на функцијата, кој ќе продолжи да работи на пониска функција.