Најмногу Аргентинци во „дрим-тимот“ на Копа Америка, од Бразил има само еден

По големото финале на Копа Америка, на кое Аргентина беше крунисана за шампион, специјализираната страница за спортски резултати, „Flashscore“ го објави најдобриот тим на континенталниот шампионат. 

Токму Аргентина, која во финалето славеше со минимални 1-0 над Колумбија, даде најмногу свои фудбалери во дрим-тимот (тројца).

На голот е Емилијано Мартинез, во одбраната се Виња (Уругвај), Араухо (Уругвај), Ромеро (Аргентина), Арамбуру (Колумбија). Средниот ред го сочинуваат Риош (Колумбија), Ромо (Мексико) и Хамес Родригез (Колумбија). Меси е предводник во нападот, а покрај него се уште и Рондон (Венецуела) и Винициус (Бразил).

Инаку за да се дојде до овие бројки се користеа просечните резултати на секој играч (кој одиграл најмалку три натпревари) во системот за рејтинг на „Flashscore“.

Состави

Лионел Скалони

4-4-2

    Nestor Gabriel Lorenzo

    4-2-3-1