Најмладиот Симеоне доби нов договор, останува кај својот татко во Мадрид!

Џулијано Симеоне го продолжи договорот со Атлетико Мадрид и официјално потпиша новa соработка, со која ќе остане во таборот на „јорганџиите“ до јуни 2030 година. 

Џулијано оваа сезона беше редовен првотимец под водство на својот татко, Диего Симеоне, и настапи на 27 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи три гола.

Ова продолжување на соработката значи дека младиот фудбалер ги задоволил вкусовите на управата и оставил одличен впечаток меѓу навивачите на Атлетико.

Младиот Симеоне веќе втора година е стандарден во екипата, а сезонава досега забележа учинок од три гола и седум асистенции во сите конкуренции. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.