Најмладиот голман дебитант во ПМФЛ потпиша за бугарски второлигаш!

Македонскиот голман Стефан Тасев го напушти Тиквеш и за првпат во кариерата ќе има интернационален предизвик. 20-годишниот чувар на мрежата се сели во соседна Бугарија, каде ќе застане меѓу стативите на второлигашот Дунав Русе.

Тасев во досегашната кариера има настапувано за Работнички, Вардар, Македонија Ѓорче Петров и Тиквеш. На 16 години, како член на Македонија ЃП, стана најмладиот голман кој дебитирал во Првата македонска фудбалска. 

Негов последен клуб во Македонија беше Тиквеш за кого во есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ собра пет настапи, а запиша и два натпревари во квалификациите за Конференциската лига.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.