• Горан Упале

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ремизираа 1-1 (0-1) со екипата на Клермон на својот „Парк на принцовите“ во дуелот од 29. коло на Лига 1. Луис Енрике очекувано реши да одмори неколку клучни играчи пред дуелот со Барселона во Лигата на шампионите, а тоа му се „удри од глава“. Додуша, ова реми нема толку да им наштети на парижаните, кои имаат доволно залиха во борбата за титулата.
Клермон поведе во 32. минута кога погоди Кеита за 0-1. Тоа не беше единствената лоша вест за Луис Енрике, кој поради повреда мораше да го извади Норди Мукиеле, а влезе Ашраф Хакими кој нема право да игра против Барселона в среда поради суспензија.
ПСЖ тргна на сè или ништо, шансите се редеа пред гостинскиот гол, но голманот Ендијаје беше вистинскиот херо. Луис Енрике направи три замени, нападот го засили со Мбапе и Канг-Ин-Ли, додека во одбраната Маркињос го замени неодамна заздравениот Шкрињар. ПСЖ продолжи со офанзивната игра, а тоа вроди со плод дури во 85. минута кога Гонзало Рамос стрелаше за 1-1, резултат со кој заврши натпреварот.
Вечерва Мбапе одигра само 25 минути, додека на клупата останаа Донарума, Дембеле, Фабиан Руиз, Витиња, па избраниците на Енрике сигурно ќе бидат сосема поинакви во среда кога ќе ја пречекаат Барселона во Лигата на шампионите.
Попладнево без победник и со по еден погодок ремизираа Ленс и Авр (1-1):