• Горан Упале
Манчестер Јунајтед беше поразен од Фулам со 1-2 во 26. коло од англиската Премиер лига. Во центарот на вниманието беше бразилскиот репрезентативец Антони, кој како никогаш досега беше посрамотен од Ерик Тен Хаг.
„Црвените ѓаволи“ по којзнае кој пат ги разочараа своите навивачи оваа сезона. Избраниците на Ерик Тен Хаг беа жестоки критикувани по нов неочекуван пораз, а ни овој пат навивачите не го поштедија холандскиот стручњак. И Тен Хаг синоќа имаше чудни потези кога се во прашање тактиката и промените, а натпреварот го одбележа еден детаљ од 99. минута кога Холанѓанецот во игра го внесе Антони.
Бразилецот го загуби првотимскиот статус и покрај тоа што Тен Хаг го „туркаше“ со месеци, но Антони едноставно не одговори на зададените задачи на вистински начин. Синоќа остана на клупата и се чинеше дека воопшто нема да влезе на теренот, а потоа Тен Хаг направи неочекуван потег. Тој во последната минута од натпреварот реши да го испрати Антони на теренот, откако Јунајтед прими гол за 2-1. Сепак, Бразилецот немаше време ниту да се загрее, бидејќи на теренот мина само триесет секунди.
Неговиот израз на лицето покажа дека не ни сака да влезе толку доцна на теренот, а за да биде уште полошо, вчера му беше роденден.
24-годишниот фудбалер пристигна во Јунајтед летото 2022 година од Ајакс за речиси 100 милиони евра, но тоа се покажа како голем пропуст, бидејќи Антони не можеше да ги оправда вложените пари.