ВИДЕО: Најлошата Болоња на Михајловиќ потона за 15 минути во Бергамо

Синиша Михајловиќ и неговата Болоња претпреа голем удар во борбата за опстанок во Серија А, откако вечерва во последниот натпревар од вонредното 30. коло на „Атлети Азури Д Италија“ во Бергамо загубија од расположената Аталанта на Гасперини со 4-1 (4-0). Гостите од централна Италија одиграа многу лош почетен дел од натпреварот и примија три гола во раната фаза.

  • Извештај од натпреварот: 

Словенечкиот репрезентативец Јосип Иличиќ погоди двапати во првите пет минути и најави дека бодовите ќе останат во Бергамо. Хатобер и Запата ја надополнија мизеријата на Болоња со уште два гола во периодот меѓу деветтата и петнаесеттата минута и дуелот беше одлучен практично по една третина од првото полувреме. 

Младиот фудбалер на Јувентус на позајмица во Болоња, Орсолини во 54. минута од средбата го ублажи поразот и ги постави финалните 4-1. 

Сега екипата на Аталанта e на само еден бод до Милан кој ја држи четвртата позиција, последна која води во Лигата на шампионите.