ФОТО: „Најк“ се врати со стил, Ливерпул го промовираше новиот дрес

Ливерпул конечно ја освои титулата во Премиер лигата по пауза од 30 години, откако во прекинатата сезона беше неприкосновен и апсолутен лидер. 

Денес компанијата „Најк“ го промовираше новиот дрес, со кој Ливерпул ќе тргне во одбрана на трофејот. Комбинацијата за сезоната 2020/21 не се разликува премногу од концептот на дресови кои ги користи екипата, но има зелен детаљ по рабовите кои ги прави поразлични. 

  • Новиот дрес на Ливерпул:

Ова е прв дрес кој „Најк“ го конструираше за Ливерпул, по менувањето на спонзорот, откако во последните сезони ја користеа опремата на „Њу Баланс“. 

Ливерпул ја заврши сезоната само со титулата во Премиер лигата, бидејќи доживеа прерана елиминција во куповите на Англија, но и во Лигата на шампионите.