• Иван Димовски
Челзи летово потроши огромни средства на засилувања, но најважното засилување за Чаби Алонсо можеби пристигна без да облече дрес.
Лондонскиот клуб го ангажираше Остин Мекфи, специјалист за прекини кој претходно работеше во Астон Вила. Со неговите идеи, тимот од Бирмингем постигна дури 74 гола по прекини. Мекфи најголемо внимание привлече во сезоната 2023/24, кога Астон Вила постигна 25 гола на овој начин. Неговата работа потоа го однесе и во репрезентациите на Шкотска и Португалија.
Колку е ценет во Астон Вила покажува и фактот што навивачите често го скандираа неговото име по головите од прекини. Дека Мекфи може да биде големо оружје за Челзи веќе се покажа на пријателскиот натпревар со Милан. „Сините“ славеа со 3-0, а два гола постигнаа по прекини.
Челсзи летово го купи Морган Роџерс од Астон Вила за рекордни 117 милиони фунти, ама навивачите се многу среќни бидејќи Мекфи лесно може да се покаже како уште повредно засилување од Бирмингем.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.








