• Сашо Поповски

Големо промашување донесе соочувањето меѓу Херта и Келн, а во главна улога беше ерменскиот интернационалец Саргис Адамјан.
Гостинскиот фудбалер требаше само да ја постави ногата и да се израдува на погодок. Наместо тоа, се посрамоти пред очите на јавноста и го промаши невозможното при празен гол.
Домашниот тим на крај извојува сигурна победа од 2-0. Работите можеа да бидат поинакви, ако Адамјан беше фокусиран при оваа ситуација.