• Горан Упале
Во многу тешки услови (поради студот), играчите на Олимпијакос извојуваа голема победа над Каират во Астана. Се покажа дека ваквите услови беа малку посоодветни за грчкиот тим, кој славеше со резултат од 1-0 благодарение на голот на Гелсон Мартинс.
Сепак, студеното време во Казахстан и триумфот на Олимпијакос не е нешто за кое се зборува во фудбалската јавност утрово, туку за еден момент во самиот финиш од натпреварот.
Имено, во 88. минута, Олимпијакос пропушти колосална можност, да поведе со 0-2 и со тоа да го донесе натпреварот во помирни води. Иако се чинеше дека напаѓачот Ел Каби е во офсајд, знамето на судијата остана спуштено, а она што играчот на Олимпијакос го пропушти во продолжението на акцијата беше речиси невозможно...
Прво го помина голманот, а откако даде малку посилен фор, Ел Каби шутираше дијагонално и наместо во мрежата токата заврши во стативата.
Дефинитивно, ова е најголемото промашување досега во Лигата на шампионите.







