Најголемите бундеслигашки клубови со финансиска помош за останатите

Пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 зеде огромен замав ширум светот, а голем број клубови ќе останат со финансиски проблеми. 

Германските медиуми најавија дека четири големи екипи од Бундеслигата ќе формираат фонд за помош на најпогодените тимови. Се работи за Баерн Минхен, РБ Лајпциг, Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд

Според најавите, тие би се откажале од средствата кои бундеслигашите ги добиваат од телевизиските права и би додале по неколку милиони, додека сојузот ќе биде задолжен за распределба на истите. Во Германија скоро никогаш фудбалски клуб не пропаднал, нивната национална политика е правилна и безбедна, но со ваква криза никогаш не се соочиле.

Претпоставките се дека малите клубови ризикуваат најмногу, па не е исклучена можноста за преструктуирање, намалување на буџетот, целите и амбициите. Стручњаците сметаат дека клубовите нема да згаснат, но голем е ризикот да отпуштат многу фудбалери и работници или драстично да ги намалат нивните примања.