• Иван Димовски
Лестер Сити и Џејми Варди по крајот на сезоната ќе се разделат и ќе ја завршат успешната соработка која траеше полни 13 години.
Искусниот напаѓач е прогласен за најдобар на сите времиња во Лестер. Варди во дресот на „Лисиците“ одигра 496 натпревари и до крајот на сезоната се очекува да ја пробие границата од 500 меча. Исто така, тој досега има 198 погодоци за Лестер, а најголемиот успех го имаше во сезоната 2015/16 кога го водеше тимот до трофејот во Премиер лигата со своите голови.
Goodbye to the GOAT pic.twitter.com/romej28Kbr
— Leicester City (@LCFC) April 24, 2025
Приказната на Џејми Варди е навистина инспиративна. Како младо момче бил отстранет од тимот на Шефилд Венздеј, а потоа низ повеќе аматерски тимови со минимални или никакви примања доаѓа до Флитвуд Таун во петтиот ранг на фудбалот во Англија. Истакнувајќи се во ФА Купот и со 34 гола на вкупно 40 меча го фаќа окото на Лестер и за нешто повеќе од еден милион евра се пресели на „Кинг Пауер“.
Во тоа време Лестер беше второлигаш, Варди заигра на високо ниво и во сезоната 2013/14 даде 16 гола и 10 асистенции во походот кон Премиер лигата. Веќе во втората сезона во елитата Лестер Сити испиша историја, бидејќи го освои трофејот со Џејми Варди како свој најдобар играч и 24 гола зад своето име. Заиграа „лисиците“ и во Лигата на шампионите, потоа и во Лигата на Европа. Во сезоната 2022/23 доживеаја релегација, но експресно се вратија од Чемпионшип, а сега по истиот рецепт завршија и во премиерлигашкото друштво па пак ќе бидат второлигаш.