• Мартин Танасковски

Италијанскиот фудбалски тренер Џенаро Гатузо во моментов е без ангажман, а доби понуда од кај нашиот јужен сосед, од моментално најголемиот и најтрофејниот грчки клуб.
Олимпијакос се обидува да го привлече Гатузо на клупата. Тимот од Пиреја планира промени за наредната сезона, затоа што остана без тронот кој му го предаде на АЕК од Атина, а во Гатузо се гледа како нов идеален предводник.
Ова е првпат по долго време Олимпијакос да финишира сезона без трофеј. Тренерот Жозе Аниго од Франција е на излезна врата. „Црвено-белите“ во моментов се трети во грчката Суперлига со десет бода помалку во однос на новиот првак АЕК.