ВИДЕО: Најголемата шанса на Пандев во легендарното финале на ЛШ

Пандев шанса

Горан Пандев е последниот Македонец кој успеал да се радува на титула во Лигата на шампионите. Во легендарното финале за Интер пред десет години, „нереаѕурите“ славеа над Баерн Минхен и се искачија на кровот на Европа.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација беше важен дел од составот на Интер, а имаше шанса да стане вториот наш фудбалер кој дал гол во едно од финалињата за европска титула.

  • Најголемата шанса на Пандев во финалето на Лигата на шампионите:

Најзрелата шанса тој ја имаше на стартот на вториот дел кога се истрча една контра и доби топка од Милито во казнениот простор, арно ама Бут го изби шутот кој одеше под пречката во корнер.

Покрај Горан Пандев, европска титула од македонските фудбалери имаат Дарко Панчев и Илија Најдоски со Црвена Звезда.