Најголемата ѕвезда на Монако официјално премина во редовите на ПСЖ

Актуелниот европски шампион, ПСЖ, официјално го комплетираше трансферот на Магнес Аклиуш, кој пристигнува од Монако како едно од најголемите засилувања за новата сезона.

Францускиот репрезентативец потпиша договор со шампионот на Франција до 2031 година и се очекува да има важна улога во тимот, благодарение на неговата креативност, дриблинг и способност да игра на повеќе офанзивни позиции.

Аклиуш изминатите сезони беше еден од најдобрите фудбалери на Монако и привлече интерес од неколку европски гиганти, но на крајот ја избра преселбата во Париз.

Со неговото доаѓање, ПСЖ добива уште една млада ѕвезда во нападот и дополнително ги засилува амбициите за одбрана на домашната титула и напад на уште еден трофеј во Лигата на шампионите.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.