Најџел Пирсон – Од Лестер Сити до белгиски второлигаш!

Поранешниот менаџер на Лестер Сити, Најџел Пирсон, на изненадување на англиската фудбалска јавност својата кариера ќе ја продолжи во Белгија, односно во второлигашот ОХ Левен. 

Човекот кој ги одведе „лисиците“ во Премиер лигата, во белгискиот второлигаш премина по барање на новите сопственици на  клубот, Кинг Пауер групацијата, која стопанисува и со Лестер Сити. Токму во квалитетите на Пирсон, новото раководство гледа идеално решение за тимот повторно да се врати онаму каде што припаѓа, во елитатата на белгискиот фудбал. 

Искусниот Англичанец од редовите на Лестер Сити беше избркан на крајот од сезоната 2014/15, само неколку седмици откако успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, додека во својата кариера бил предводник и на Хал Сити, Дерби Каунти, Њукасл и Саутемптон.