„Најдобро за Наполи е да го продаде Елмас, тој не е функционален за тимот...“

Елмас

Тешки зборови на сметка на Ељиф Елмас кажа италијанскиот новинар Умберто Киариело во разговор со „Canale 21“.

Според него, Наполи треба да размислува да го продаде македонскиот фудбалер и да се насочи кон развивање на алжирскиот интернационалец Адам Оунас.

„Чинеше 16 милиони и уште една сезона треба да биде резерва на Зиелински. За Наполи е подобро да го продаде. Ако заминие, никој нема да го забележи тоа. Тој е момче кое има квалитет, но не како плејмејкер и организатор на играта. Со продажба на Елмас заработувате пари и така добивате вистински играч за врска во Оунас. Не велам дека е слаб играч, но мора да биде функционален за тимот и засега тој не е“, смета италијанскиот новинар.

Лучијано Спалети верува дека може да извлече максимум од Елмас во новата сезона. Новиот тренер на „наполитанците“ во него гледа уште една квалитетна опција во офанзивната линија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.