• Мартин Танасковски

Фаворитите си ја завршија задачата и со победи ја спуштија завесата на есенскиот дел во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) во рамки на 15-тата рунда.
- Гостивар - Караорман 5-1:
Лидерот Гостивар на домашен терен беше убедлив и пред својата публика го разнесе тимот на Караорман (5-1). Фаворитот не дозволи сензација и останува на лидерското место на паузата во ВМФЛ. Филип Петковски беше двоен стрелец, а по еднаш погодија Танушев, Велинов и Муарем. За гостите стрелец беше Лога.
- Воска Спорт - Борец 6-0:
Три бода освои и Воска Спорт која дома лесно го надигра фенерџијата Борец (6-0) кој е зрел за испаѓање во третолигашки ранг затоа што нема ниту еден освоен бод. Вахид Мурати и Бехар Фета дадоа по два гола, а Илас Чилафи, Џемил Јахји беа стрелци по еднаш и го донесоа убедливото издание.
- Тетекс - Арсими 0-2:
Пелистер победи на гостински терен кај Саса (1-2) со голот на Драгарски, како и на автогол на еден од домашните играчи. Три бода освои и Детонит Плачковица во источниот дуел со Слога Виница (1-3). Арсими му ја отежна битката за опстанок на Тетекс, го победи со 2-0. Стрелци на головите беа Албулен Имери и Арѓент Гафури.
- Беса - Локомотива Пехчево 2-0:
- Беласица - Охрид 1-1:
Три бода освои и Беса против Локомотива Пехчево (2-0) благодарение на Генч Гаши. Единствениот натпревар кој заврши без победник е Беласица - Охрид (1-1).
Лидер на табелата во ВМФЛ е Гостивар со 37 бода, пред Вардар со 36 бода, додека Воска Спорт има 34 бода. Следи Пелистер со 30 бода, додека Детонит Плачковица има 29 бода. Потоа доаѓаат ГФК Охрид (26), Беласица (21), Беса (21), Караорман (20), Арсими (19), Кожуф (17), Локомотива Пехчево (14), Саса (13), Слога Виница (10), Тетекс (7) и Борец (0).