• Саше Љолес

Мартин Одегард е многу близу до нов договор со Арсенал, тврдат повеќе италијански и англиски медиуми. Лондонскиот клуб сака да го задржи својот капитен и во наредните години, гледајќи го како еден од најважните фудбалери во тимот.
Според информациите, Арсенал во текот на летото одбил неколку понуди за Норвежанецот, кои пристигнале од клубови од Саудиска Арабија и Европа. Иако неговиот актуелен договор е со важност до 30 јуни 2028 година, „топџиите“ сакаат дополнително да ја зацврстат неговата иднина на „Емирати“.
Одегард првпат пристигна во Арсенал во јануари 2021 година како позајмен фудбалер од Реал Мадрид. Само шест месеци подоцна лондонскиот клуб го откупи неговиот договор за околу 35 милиони евра, а Норвежанецот во меѓувреме се наметна како капитен и еден од лидерите на екипата.
Во дресот на Арсенал досега има 242 настапи, на кои постигна 44 гола и забележа 41 асистенција. И во новата сезона започна во одлична форма, со четири погодоци на осум натпревари.
Одегард е капитен и на норвешката репрезентација, каде заедно со Ерлинг Халанд го има статусот на еден од главните лидери. Двајцата беа меѓу предводниците на Норвешка на овогодишното Светско првенство, на кое селекцијата стигна до четвртфиналето.
Доколку преговорите бидат успешно завршени, Одегард би требало да продолжи да биде една од централните фигури во проектот на Арсенал и во периодот што следува.

