Најдобрите на светот до 20 години се во Аргентина, стартува младинското СП

Денес започнува Светското првенство во фудбал за играчи до 20 години, а годинава земја-домаќин е Аргентина. Државата која неодамна стана светски шампион во сениорска конкуренција ќе нагости 24 репрезентации кои ќе се борат за големиот трофеј на ФИФА. 

Аргентинската репрезентација до 20 години не успеа да избори пласман на првенството, но сепак ќе игра на првенството како домаќин. Организаторите успеаја да создадат прекрасни услови за игра и по вторпат во историјата да бидат домаќини на младинскиот Мундијал. „Гаучосите“ дури шест пати во минатото го освојувале трофејот, а домашната публика се надева дека и младинците ќе го следат патот на своите повозрасни колеги кои станаа шампиони во Катар

Ова натпреварување се смета за место каде светот за првпат ги запознава идните фудбалски ѕвезди, а во минатото на овие Мундијали настапувале фудбалери како Диего Марадона, Лионел Меси, Андрес Иниеста, Луис Фиго и Роналдињо. 

Актуелен шампион е репрезентацијата на Украина, која исто така не успеа да обезбеди пласман на завршницата преку европските квалификации, а како најголеми фаворити за трофејот се издвојуваат селекциите на Бразил, Аргентина, Италија, Шпанија и Франција. Сите 24 екипи се поделени во шест групи од по четири екипи, а натпреварите ќе се играат во четири градови. 

На последните четири шампионати на светот доминираа европски селекции, откако во првата деценија од овој век титулите ги освојува Јужноамериканците и Африканците.