• Мартин Танасковски
Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска заедно со своите помошнички беше дел од натпревар од третото коло во женската фудбалска Лига на шампиони.
Пројковска беше на центарот во Готенбург во Шведска, каде го судеше натпреварот меѓу екипите на Хакен и Атлетико Мадрид од Шпанија.
Прва помошничка на Пројковска беше Елена Соклевска-Илиевски, втора помошничка беше Ангела Домазетовска, а четврти судија беше Ангела Рајчевска.
Мечот меѓу Хакен и Атлетико Мадрид заврши со резултат 1-1.