Најдобрите единаесет кои може никогаш повеќе да не ги гледаме во живо

Пандемијата со коронавирусот направи глобален проблем во светот, а на тоа не остана имун и фудбалот, кој е во прекин во повеќето земји. Некои веќе се активираа, се очекува наскоро тоа да го направат и другите, но ќе се игра без публика.

Англиски „Сан“ направи избор од единаесет фудбалери кои се во години и може да заминат во пензија без некој да ги гледа во живо. Во тимот има многу фудбалски ѕвезди, а ќе биде штета да си заминат без да добијат грмогласен аплауз од трибините.

  • Изборот на англиски „Сан“:

Голман: Џиџи Буфон (42)
Одбрана: Дани Алвеш (38)
Одбрана: Џорџо Киелини (35)
Одбрана: Серхио Рамос (35)
Одбрана: Лејтон Бејнс (35)
Среден ред: Лука Модриќ (34)
Среден ред: Вејн Руни (34)
Среден ред: Андрес Иниеста (36)
Среден ред: Давид Силва (34)
Напад: Кристијано Роналдо (36)
Напад: Златан Ибрахимовиќ (38)

Се шпекулира дека фудбалот ќе се игра најмалку една година без публика, или се додека не се пронајде вакцина за вирусот ковид-19.