Најдобрите четири тенисери ќе играат во полуфиналето по 16 години пауза

Завршниот турнир во Лондон полека се доближува до својот крај. Формирани се двете полуфинални двојки, а ако се погледнат имињата, може да се каже дека најдобрите ќе разигруваат за титулата.

Новак Ѓоковиќ како прв носител ќе игра со Доминик Тием, а Рафаел Надал ќе го предизвика Данил Медведев. Првите четири носители на турнирот играат во оваа фаза првпат по пауза од 16 години.

Последен пат најдобрите четири тенисери на светот биле дел од завршната борба за трофеј. Ова се случува третпат во последните 30 години.

Бранителот на титулата Стефанос Циципас го заврши својот настап. Тоа значи дека ќе добиеме нов шампион. Најголем фаворит останува Ѓоковиќ, пред Надал, а потоа шанса им се дава на помладите играчи.

Полуфиналните мечеви се играа денес, а големото финале е закажано за утре.