Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да суди на клубови од Сараево

Најдобриот босански судија без конкуренција е Ирфан Пељто. Арбитрот е во елтната група на судии на УЕФА, често е делегиран во европските клупски натпреварувања, а ќе биде и еден од судиите кои ќе се најдат на Европското првенство ова лето. 

Секако дека Пељто своите чекори кон судиската елита ги направи во родната Босна и Херцеговина, а сега оттаму доаѓаат интересни информации. Арбитрот одбил да биде делегиран за дерби дуелот меѓу Железничар и Вележ, па Сојузот го одреди Елведин Топузовиќ на негово место. 

Според пишувањата на босанските медиуми, Пељто до крајот на сезоната одбил да им суди на клубовите од главниот град, односно Железничар и Сараево. Причината за такво нешто се заканите кој судијата и неговото семејство ги добивале од навивачите, а истите се пријавени до надлежните органи. 

Комитетот за судење при Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина го прифатил неговото барање, па Пељто нема да биде делегиран на овие клубови, почнувајќи од дербито во следната рунда.