• Мартин Танасковски

Уште еден играч од Брера Струмица е слободен. Ѓорѓе Ивковиќ повеќе не е дел од македонскиот прволигаш, затоа што го немаше на подготовките на екипата и на првиот контролен натпревар со Детонит Плачковица.
28-годишниот центарфор беше главен играч во екипата на струмичани, но заради кризата која го зафати клубот, заминаа повеќе првотимци, меѓу нив и тој. Ивковиќ е најдобар стрелец во полусезоната на ПМФЛ со девет гола.
Ивковиќ дојде во Струмица од Раднички Срем, а претходно настапуваше за албански Лачи, казахстански Акхајик, словенечки Анкаран, српските ИМТ Белград, Златибор, Железничар Панчево, Синѓелиќ...
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.