Најдобриот стрелец на Мундијалите има нов тренерски ангажман

Германската фудбалска легенда Мирослав Клосе има нов тренерски ангажман. 46-годишниот стратег следната сезона ќе го води Нирнберг кој се натпреварува во Цвајте. 

Клосе доби двегодишен договор со поранешниот прволигаш. Стручњакот ја наследи клупата од клупската легенда Дитер Хекинг кој работеше како привремен тренер. За Клосе ова ќе биде втор тренерски ангажман, откако претходно работеше во австриски Алтах. Исто така, легендата беше и помошник тренер во Баерн, а работеше и во младинските категории на овој клуб. 

Мирослав Клосе и натаму е најдобар стрелец на Светските првенства. Тој на Мундијалите даде 16 гола, има еден повеќе од бразилскиот Роналдо, па следи Герд Милер со 14, Фонтеин и Меси имаат по 13, Пеле има 12...