Најдобриот шпиц на Силекс ќе игра во новакот во унгарската елита

Екипата на Силекс во новата сезона ќе биде без шпицот Ади Алиќ, кој си замина пред извесно време, а веќе го има новиот ангажман и клубот каде ќе ја продолжи својата кариера.

24-годишниот центарфор минатата сезона за Силекс беше втор најдобар стрелец со девет постигнати гола, а кариерата ќе ја продолжи во најдобриот унгарски шампионат каде веќе договори ангажман.

Нов клуб на Ади Алиќ ќе биде некогашниот шампион Хонвед од Будимпешта, кој оваа сезона обезбеди промоција во елитното друштво како второпласиран тим во втората лига. Се очекува наскоро да биде и промоцијата на Алиќ во дресот на Хонвед.

Алиќ играше за Силекс од 2024 година и беше важен дел од тимот. Претходно тој настапуваше и за Ахиронас од Кипар, како и босанските екипи Слобода Тузла и Нови Град.